ТФТ сигурен против Феникс, Работнички подобар од Чаир

Кошаркарите на ТФТ се лидер на табелата по четири кола со максимални четири победи. Денеска екипата од Тафталиџе беше подобра од Феникс со убедиви 63-80, додека во вториот натпревар Работнички немаше проблеми со Чаир и запиша триумф од 86-63.

Домаќините имаа водство само на почетокто на натпреварот до 7-5, додека во продолжение гостинскиот тим ниту еднаш не ја испушти предноста.

На одмор ТФТ замина со водство од 35-49 и така ја најави победата. Во вториот дел предноста и се зголемуваше, додека домаќинот ниту еднаш посериозно не успеа да се доближи.

Расположение беа неколку кошаркари во редовите на ТФТ, а најефикасен беше Николов со 16 поени, 12 скока и седум асистенции, го следеаа Госенс со 14 и Мекиќ со 12. На спротивната страна Митревски и Марфи постигнаа по 17.

Кошаркарите на Чаир го претрпеа првиот пораз сезонава во натпреварот со Работнички кој одигра најдобро сезонава. Клучен период беше втората четвртина во која чаирчани постигнаа само 12 поени, а Работнички 26 со што успеа да да направи пресврт.

Од тој момент гостите постојано беа во предност и на крајот запишаа заслужен триумф. Предводник на Работнички беше Полутак со 27, додека за Чаир Кели стигна до дабл-дабл од 16 поени и 12 скокови.