Можеби шанса за Елмас, се повреди еден од најважните фудбалери на Лајпциг

Eден од најдобрите фудбалери на германски Лајпциг, Чави Симонс заработи повреда на лигаментите на зглобот на левата рака при поразот од Ливерпул.

Симонс беше заменет по дуелот кој го имаше со Ендеи Робертсон и нема дилеми дека неговото отсуство ќе биде хендикеп за тренерот Марко Росе. Засега не е познато кога точно би се вратил на терените.

Следниот натпревар во Бундеслигата, Лајпциг го игра в сабота од 15:30 часот против Фрајбург. Во досегашните натпревари од почетокот на сезоната Симонс постигна два гола и подели една асистенција.

Од друга страна ваквата повреда на Симонс можеби ќе значи поголема минутажа за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој сезонава добива многу мал простор за игра.