Навивачи на Твенте со мајмунски крици провоцираа фудбалер на Лацио (ВИДЕО)

Лацио славеше на гостувањето кај Твенте со 2-0, но навивачите на домашниот тим направија скандал со расистичко однесување кон Лаум Чауна.

Чауна беше вознемирен поради мајмунските крици од трибините, па пред судијата гестикулираше дека навивачите го провоцираат.

„За жал, можам да потврдам дека имаше навреди на сметка на Чауна. Тоа е тема за која не сакам да зборувам, се обидовме да ја смириме ситуацијата. Го повлеков од игра зашто емотивно не беше во состојба да игра“, кажа тренерот Марко Барони.