Фудбалерите на Барса ја славеа победата над Баерн како да ја освоиле Лигата на шампионите (ВИДЕО)
По завршувањето на синоќешниот меч, фудбалерите на каталонскиот тим се упатија кон најжестоките навивачи и со нив ги пееја песните посветени на Барса, притоа лудо танцувајќи покрај трибината. Некој што не е упатен во спортот, веројатно ќе помислеше дека слават освојување на голем трофеј, можеби и Лигата на шампионите.
Победата против Баерн е голема, но не носи ништо особено во овој момент. Барселона дури и не се наоѓа на некоја од позициите кои водат во осминафиналето од Лигата на шампионите и ако не продолжи во ист стил, ќе треба да игра плејоф за влез меѓу 16. најдобри.