Левандовски стана трет најдобар стрелец во Европа

Барселона со 5-1 ја прегази Севилја, а два од головите беа дело на полскиот напаѓач Роберт Левандовски кој се запиша во историјата.

Левандовски стигна до бројката од 366 голови во топ-5 лигите во Европа и стана трет најдобар стрелец во историјата.

Пред напаѓачот на Барселона се само двајца играчи, а тоа се Кристијано Роналдо со 495 гола и Лионел Меси со 496 погодоци.