Слот стигна до неверојатен рекорд, само Гвардиола бил подобар од него!

Ливерпул вчера славеше со 2-1 во дербито против Челси во Премиерлигата, а тренерот Арне Слот се запиша во историјата.

Слот стигна до 10 победи во сите натпреварувања како премиерлигашки тренер и за тоа му беа потребни 11 натпревари, па пред него остана само Пеп Гвардиола. Тој успеа да оствари 10 триумфи во 10 натпревари како премиерлигашки стратег.

Резултатите на Слот се охрабрувачки на почетокот на сезоната и делува дека Ливерпул ќе биде еден од главните кандидати за титулата.

„Црвените“ се лидери со 21 освоен бод по осум одиграни кола, а зад нив е Манчестер сити со еден бод помалку.