Валур и Порто одиграа како порачано за Вардар!

Екипите на Валур и Порто одиграа нерешено (27-27) во вториот меч од второто коло во групата Ф од ЕХФ Европската лига и го оставија Вардар на втората позиција на табелата.

Порто беше многу подобар на овој меч, водеше и со седум гола разлика, но во финишот од мечот дозволи противникот да се избори за бод. Дури, Валур имаше шанса за триумф бидејќи на две минути пред крајот имаше 27-25, но Порто се избори барем за еден бод.

Резултатот е по мерка на Вардар, не само поради тоа што „црвено-црните“ останаа на второто место на табелата, туку и бидејќи идната недела го пречекуваат Порто и ќе имаат шанса да им избегаат на конкурентите за пласман во следната фаза.