Познат составот: Милевски со три измени стартува во Ереван (ФОТО)

На нешто повеќе од еден час до почетокот на натпреварот познат е стартниот состав со кој Македонија ќе истрча на теренот во Ереван против Ерменија.

Во однос на натпреварот со Летонија кој го добивме со 3-0 во Рига, Милевски направи три измени и од почетните 11 ги нема Муслиу, Бабунски и Ашковски, а тука се Зајков, Серафимов и Димовски.

На табелата Македонија е во поволна позиција со седум бода на лидерската позиција, Ерменија има четири, Летонија три и Фарски Острови два. Натпреварот стартуваа во терминот од 18:00 часот.