На Германците им поништија три гола и пак ја победија БиХ (ВИДЕО)
Победата можеше да биде многу поубедлива бидејќи на гостинските фудбалери им поништија дури три гола поради офсајди. Еден не му беше признат на Клајндест, еден на Ундав и еден на Гнабри, но дури и тоа не им помогна на босанските репрезентативци да освојат барем бод.
Прва ѕвезда на мечот беше напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав кој ги постигна двата гола за Германија, првиот во 30., а вториот во 36. минута. Во второто полувреме можеше да комплетира хет-трик, но тој гол му беше поништен. Драматиката ја врати Един Џеко во 71. минута, но БиХ немаше никаква можност да дојде до израмнување и остана на само еден бод во годинашното издание на Лигата на нации. Германија е на првото место со седум бода.
Во вториот меч од оваа група, Унгарија и Холандија одиграа без победник (1-1). Шалаи ги донесе домаќините во водство во првиот дел, а на седум минути пред крајот Дамфрис израмни и се погрижи за израмнување откако претходно Ван Дајк беше исклучен поради два жолти картона.