Клоп преговорите за преселба во Ред Бул ги започнал уште пред две години?!
Од јануари 2025 година Клоп ќе биде кординатор на фудбалскиот сегмент во компанијата Ред Бул и ќе соработува со сите тренери во клубовите со кои раководи оваа компанија. Клоп ќе биде одговорен за трансферите и стратегијата на клубовите.
Ваквиот ангажман на Клоп беше големо изненадување, а Германецот претрпе критики бидејќи Ливерпул го напушти тврдејќи дека му треба одмор и дека повеќе нема енергија.
Но, информациите кои сега дополнително ги објавуваат медиумите во Германија уште повеќе ќе ги налутат фановите на Ливерпул. Германскиот „Münchner Merkur“ пренесува дека Клоп во 2022 година го одржал првиот разговор за преселба во оваа компанија. Тогаш Клоп разговарал со сега починатиот бизнисмен Дтрих Матешиц и му ветил дека во 2025 година ќе ја преземе оваа функција.
Се потсетува и дека Клоп во 2022 година го продолжи договорот со Ливерпул до 2026 година, па поради тоа предизвикува реакција кај навивачите на англискиот гигант.