Револуција во Премиер лигата: Фудбалерите и тренерите ќе даваат изјави во текот на натпреварите

Премиер лигата од идната сезона ќе воведе некои новитети во преносите од натпреварите, пренесува „Дејли Мејл“.

Според најавите секој клуб ќе мора да ги почитува правилата кои Премиер лигата ќе ги донесе, а ќе бидат вметнати работи кои сме ги гледале во американските спортови.

Така од идната сезона во Премиер лигата ќе имаме прилика да го слушнеме тренерот или помошникот тренер за време на полувремето од натпреварот, но и изјави од играчите кои се заменети. Исто така ќе се објавуваат и видео снимки од соблекувалната.

Клубовите на секој натпревар ќе мора да изберат една од овие три можности која ќе ја користат. Сето тоа е дел од новиот тригодишен пакет за ТВ правата потпишан во август оваа година. Станува збор за договор е вреден осум милиони евра.