Манчестер Сити најде заменик за Бегиристан, на Етихад доаѓа човекот кој го создаде Спортинг!
Сегашниот директор, Чики Бегиристан заминува од функцијата по крајот на сезоната, па Манчестер Сити тргна по негов наследник.
Изборот падна на Хуго Виана, работата е завршена, неговиот ангажман е договорен, тој почнува на функцијата од јуни 2025 година.
Хуго Виана е најзаслужниот човек за успесите на Спортинг Лисабон во моментов. Негова заслуга се засилувањата како Гјокерес, Диоманде, Хјумланд...