Пресвртот на Пелистер каков ретко се гледа: Од -3 до бод за 75 секунди (ВИДЕО)
Малку недостасуваше битолчани повторно да останат со празни раце, но синоќа на магичен начин успеа да дојдат барем до бод во дуелот со Спортинг Лисабон. Откако повеќе од 46 минути беше апсолутно подобар противник, македонскиот првак влезе во тешка криза и 12:30 минути не успеа да постигне гол. Спортинг го искористи тоа за да направи пресврт и да поведе со 24-21 и кога се чинеше дека ќе ги однесе бодовите и од Битола, Пелистер се разбуди.
На 75 секунди пред крајот, нашиот претставник имаше -3 за потоа преку Радивојевиќ, Кузмановски и Павле Атанасијевиќ да дојде до израмнување и голем бод кој, многу интересно, го носи дури на шестата позиција на табелата во групата А и му ги зголемува шансите дури и за пласман во плејофот.