Бадијала голот, Влаховиќ има едно од промашувањата на сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ постигна пет гола на последните три натпревари за Јувентус, но тотално се избламира на вчерашниот мел против Каљари.

Иако се запиша во листата на стрелците од пенал, тој имаше неверојатно промашување во 78. минута кога можеше да му донесе победа на торинскиот тим. По интервенцијата на противничкиот голман, топката се одби и Влаховиќ остана сам на десетина метри од голот, но место да ја скине мрежата, шутираше покрај стативата што е едно од најголемите промашувања оваа сезона во италијанското првенство.

Јувентус поради тоа испушти два бода и сега е на -3 во однос на лидерот на табелата Наполи.