МЗТ со рутинска победа го почна походот кон 12. титула!
Првата четвртина помина со израмнета игра, односно МЗТ Скопје имаше предност од 20-18 по првите 10 минути, додека до крајот на полувремето водството се зголеми до 42-27 за екипата од Аеродром.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на шампионот, кој го полнеше кошот на Шкупи и на крајот триумфира со 95-59.
Најефикасен во победничкиот тим беше Андреј Андоновски со 21 поен, шест скокови и една асистенција, додека Закор Арчи постигна 18 поени и четири скокови.