Две магии на Меси за победа и нов трофеј на Интер Мајами (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами го обезбеди првото место по основниот дел од сезоната во МЛС откако ноќеска славеше на гостувањето кај Колумбус.

Тимот од Флорида дојде до победа со 3-2, а во главна улога беше најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. Во финишот од првото полувреме, тој постигна два гола, двата фантастични при што за првиот на магичен начин ја исконтролира топката и ја смести во мрежата, а за вториот погоди од слободен удар.

Во второто полувреме Колумбус намали на 1-2, за Суарез да ја врати предноста на два гола. Домаќините дојдоа и до 2-3, имаа и пенал во 84. минута, но не го искористија, па Интер Мајами дојде до победата која значи и предност на домашен терен до крајот на плејофот.

За првото место по основниот дел во МЛС се доделува и трофеј што официјално е 46. во кариерата на Лионел Меси и тој се зацврсти на првото место како најуспешен во историјата на фудбалот.