Потенцијален проблем за Далас: Дончиќ се повреди

Кошаркарот на Далас Лука Дончиќ се повреди денеска објави денеска Далас.

Според информациите Дончиќ ја повредил левата потколеница и неговата состојба ќе биде позната во наредниот период.

Далас го очекуваат предсезонски натпревари во НБА лигата, а првиот ќе го играат за шест дена.

Тогаш ќе играат со Мемфис, потоа на 11 октомври со Јута, па на 15 со Клиперс и на 18 со Милвоки.

Сезоната Маверикс ја стартуваат на 25 октомври во натпреварот со Сан Антонио Спарс.