Синер го совлада Лехечка за полуфинале во Пекинг

Првиот тенисер на АТП-листата, Јаник Синер се пласира во полуфинале на турнирот во Пекинг, откако денеска славеше против Јиржи Лехечка со 2-0 во сетови.

Италијанецот беше одличен во првиот сет, кој му припадна со 6-2, додека во вториот Лехечка даде поголем отпор и победникот мораше да се решава во тај-брејк, каде што Синер славеше со 8-6.

Синер во полуфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Андреј Рубљев и Јунчаокете Бу.