Лудо полувреме на „Стенфорд Бриџ“: Палмер испиша историја и постигна еврогол! (ВИДЕО)

Екипите на Челси и Брајтон играат луд натпревар во Премиер лигата во кој за 34 минути беа постигнати пет гола, а еден беше поништен и поради офсајд.

Голеадата започна во седмата минута кога Рутер донесе предност за Брајтон, но Челси благодарение на одличнот Кол Палмер во 21. минута го израмни резултатот. Три минути подоцна Џејдон Санчо ја затресе мрежата, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Сепак, до пресврт Челси стигна во 27. минута кога Палмер го постигна својот втор гол. Веќе во 31. минута „сините“ имаа и 3-1 и одново стрелец беше Палмер и тоа беше прекрасен гол од слободен удар. Брајтон во 34. минута намали на 3-2.

Не застана Палмер тука, па постигна и четвртиот гол со што стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола за едно полувреме.