Хаос во Колумбија: Фудбалер удрен со нож по - глава (ВИДЕО)

Големото дерби од 10. коло во колумбиското првенство помеѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор кое се играше изминатата вечер беше прекинато по хаосот кој се случуваше на стадионот во Меделин.

Домашниот тим поведе со 2-0, но по вториот гол гостинските навивачи започнаа да фрлаат предмети кон обичните гледачи и играчите на теренот.

На објавените снимки и фотографии може да се види дека еден од домашните фудбалери бил погоден со нож во главата. За среќа ножот го погодил со задната страна, па поминал без посериозни проблеми. Тој момент ги налути и навивачите на Национал кој тргнаа жестоко кон гостинската трибина по што следуваа огромни нереди.