ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров им се врати на победите, Брегалница и со реми остана лидер

На македонските фудбалски терени денес видовме натпревари од  шестото коло во Втората лига, а во него водечките екипи не дојдоа до победи.

Eкипата на Македонија Ѓорче Петров по ремито со Каменица Саса и службениот пораз од Новаци денеска во рамките од шестото коло им се врати на победите со триумфот против Вардарски на гостински терен.

Работата на гостувањето во Богданци фудбалерите од Ѓорче ја завршија во завршницата од првиот дел кога беа постигнати двата гола. Прво Симеон Христов го отвори резултатот во 42. минута, а три минути подоцна Размоски зголеми на 0-2.

Во вториот дел не видовме погодоци, па тој резултат се покажа и како конечен.

Лидерот на табелата Брегалница одигра без голови на гостувањето кај Скопје, но остана на врвот бидејќи не победија ниту Арсими, ниту Кожуф. Арсими на гости кај Каменица Саса претрпе пораз од 2-1, додека Кожуф како и Брегалница одигра 0:0 против Детонит. 

ТАБЕЛА: Брегалница 14, Македонија Ѓорче Петров 13, Башкими 13, Арсими, 12, Кожуф 12...

Скопје – Брегалница 0-0

Каменица Саса – Арсими 2-1

Кожуф – Детонит 0-0

Новаци – Беласица 0-0

Осогово – Борец 1-0

Победа – Охрид 0-1

Вардар Неготино – Башкими 0-1

Вардарски - Македонија Ѓорче Петров 0-2