Хорор во Сплит: На навивач на Хајдук му експлодирал топовски удар в рака

Хајдук вечерва игра против Горица на домашен терен во рамките на седмото коло од хрватското првенство, а натпреварот го одбележа голем инцидент на една од трибините на Пољуд.

На навивач на домашниот тим во рака му експлодирал топовски удар при што, според информациите од тамошните медиуми, тешко му настрадал прстот и многу веројатно ќе му биде ампутиран. Во прашање е едно од пиротехничките средства кое, покрај факелите, навивачите најчесто го користат на натпреварите.

Што се однесува до натпреварот, Хајдук губеше со 0-1, но потоа направи пресврт и победи со 4-1.