Магична двојна одбрана на Онана, Јунајтед одигра реми кај Кристал Палас! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед не успеа да дојде до трите бода од гостувањето кај Кристал Палас, немаше погодоци на натпреварот.

Црвените ѓаволи ја имаа повеќе топката во нозете, напаѓаа, а домаќините од контра напади го загрозуваа голот на Онана.

И Онана и Хендерсон беа фантастични денеска, а голманот на Манчестер јунајтед можеби ја имаше и одбраната на сезоната.

Онана имаше брилијантна двојна одбрана со која го сочува својот гол.