Мрежите мируваа на големото дерби меѓу Јувентус и Наполи

Дербито од Серија А кое се играше во Торино меѓу Јувентус и Наполи заврши без погодоци, 0-0.

Тоа беше меч на Антонио Конте против неговиот поранешен клуб, фудбалерите на Наполи ја потврдија одличната форма откако останаа непоразени на гостувањето кај конкурентот.

Јувентус не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и да го освои целиот плен.

По пет одиграни кола Наполи има 10 бода, а Јувентус еден помалку.