Димитријевиќ покажа каков мајстор е на официјалното деби за Милано, беше - најефикасен!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше фантастично деби за новиот клуб, Олимпија Милано која со 73-62 ја победи Венеција во полуфиналето од Суперкупот на Италија.

Димитријевиќ беше стартер на мечот, постигна 14 поени за 24 минути поминати на паркетот. Погоди пет од осум шута од поле и постигна една значајна тројка од два обиди. 

Втор стрелец за Милано беше Миротиќ со 13 поени. 

Во утрешното финале Олимпија Милано ќе игра со победникот од дуелот меѓу Виртус и Наполи кој се игра вечерва.