Официјално: Стефано Пиоли е нов тренер на Роналдо

Трофејниот италијански стручњак Стефано Пиоли попладнево официјално е назначен за нов тренер на Ал Наср што значи дека ќе му биде предводник и на Кристијано Роналдо.

Претходните пет години Пиоли беше шеф на стручниот штаб на Милан со кого во 2022 година ја освои титулата во Серија А, прва за „росонерите“ по пауза од 11 сезони. Истата година беше прогласен и за тренер на сезоната во Италија, но во следните два кампањи немаше големи успеси на клупата на италијанскиот гигант.

 

 

На клупата на саудискиот клуб, Пиоли ќе го замени Луис Кастро кој си заминува по нешто повеќе од една година. Негова главна цел ќе му биде да донесе трофеј имајќи предвид дека од доаѓањето на Роналдо трае постот на Ас Наср.