Куп на Македонија: Вардар оди по победа во Новаци, Пелистер му гостува на Скопје

Денеска со почеток од 15 часот се играат 1/16 финалните натпревари од Купот на Македонија, прволигашите како фаворити гостуваат и ќе се обидат да не дозволат изненадување.

Вардар по ремито со Гостивар во ПМФЛ, ќе се обиде да забележи победа кај Новаци. Новиот тренер на црвено-црните посакува деби триумф кој ќе им даде самодоверба на фудбалерите за следните предизвици во лигата.

Пелистер му гостува на Скопје, актуелниот шампион Струга ТЛ игра во Виница против Слога, Шкупи ќе се сретне со Џепшичте, а Шкендија со Јени Мале, Работнички против Шкендија Арачиново.

Интересно ќе биде да се види и дебито во купот на Македонија на ФК Слободен кој во Горно Лисиче ќе се сретне со Брегалница.

Единствен слободен денеска е бранителот на куп трофејот, екипата на Тиквеш.

Куп на Македонија 1/16 финале:

Победа - Гостивар
Џепчиште - Шкупи
Кожуф - Арсими
Вардар Неготино - Брера
Јени Мале - Шкендија
ФК Слободен - Брегалница
Беласица - Македонија ЃП
Башкими - Воска
Охрид - Беса
Шкендија (А) - Работнички
Карбинци - Силекс
Борец - Детонит
Слога 1934 - Струга ТЛ
Скопје - Пелистер
Новаци - Вардар