Кејн: Сакавме да му дадеме барем 10-11 голови на Динамо Загреб!

Динамо Загреб доживеа потоп на гостувањето кај Баерн Минхен (2-9) на почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а четири од погодоците беа дело на напаѓачот Хари Кејн, кој кажа дека тренерот Винсент Компани побарал од нив да постигнат повеќе голови.

Кејн откри дека тренерот Компани им кажал да бидат немилосрдни и тие сакале да постигнат барем 10-11 голови против хрватскиот шампион.

„Од почетокот до крајот игравме одлично на теренот. Тренерот ни кажа да бидеме немилосрдни. Прв, втор, трет, четврт гол, лесно се полнеше мрежата на ривалот. Стигнавме до девет, но сакавме да постигнаме барем 10-11 голови“, кажа Кејн.