Кам-бек на легендата: Џорџо Кјелини се врати во Јувентус
Во иднина тој ќе биде дел од администрацијата на Јуве, на позицијата шеф за институционални фудбалски односи.
„Џорџо Кјелини никогаш не престана да биде црно-бел: во своето срце, својата душа и вредностите кои ги демонстрираше на и надвор од терените. Од 16 септември тој ќе биде во управата на клубот и ќе работи директно под раководство на извршниот директор Маурицио Сканавино. Оваа улога совршено се вклопува во обуката која Џорџо ја стекна на академско поле“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Јувентус.
По заминувањето од Јувентус, Кјелини играше една сезона за Лос Анџелес каде требаше да биде дел од раководството, но одлучи да се врати во клубот чиј играч претходно беше 18 години.