Одби трансфер во Турција, па Де Роси го исклучи од првиот тим на Рома

Рома реши да го отстрани Полјакот Никола Залевски кој неодамна одби трансфер во турскиот гигант Галатасарај.

Калчолигашот му договори трансфер за 11 милиони евра плус четири во бонуси, меѓутоа Залевски не сакаше да се пресели во Турција и тоа го налути тренерот Даниеле Де Роси.

Де Роси реши да го исклучи Залевски од првиот тим на Рома, односно го испрати да тренира со младинците на клубот од Рим.