Хамилтон направи промени на болидот и ќе тргне од боксот во Азербејџан

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон го загуби седмото место од кое требаше да стартува на трката за Големата награда на Азербејџан и ќе тргне од боксот.

Возачот на Мерцедес направи петта промена на погонската единица и поради тоа ќе мора да тргне од боксот каде што ќе се обиде да освои нови бодови за својот тим.

Шарл Леклер ќе тргне од пол-позиција, додека зад него се Оскар Пјастри и Карлос Саинц.