Роналдо „распали“ по Манчестер јунајтед, но Тен Хаг не му остана должен!
Роналдо игра за Ал-Наср, но сè уште ги следи настапите на неговиот поранешен тим за кој смета дека нема квалитет да ја освои титулата во Премиерлигата.
Тен Хаг не му остана должен на Роналдо и веднаш му одговори во првата можност за неговите критики.
„Тој е далеку од Манчестер, Роналдо е во Саудиска Арабија. Има свое мислење и тоа е во ред. ако ја прочитате неговата изјава ќе разберете дека сака да каже дека Јунајтед нема да ја освои Премиерлигата“, кажа Тен Хаг.