Навивачите во еуфорија: Артета го продолжи договорот со Арсенал
Иако клубот се уште официјално не ја потврдил информацијата, лица од Арсенал изјавиле дека договорот е потпишан и дека наскоро и јавноста ќе биде известена за тоа. Оваа сезона е последна од претходниот договор на Артета, а новиот ќе биде со важност на уште две години.
Шпанецот е менаџер на Арсенал од 2019 година и под негово водство „топчиите“ освоија еден трофеј во ФА Купот (2020 година) и два во Суперкупот (2020 и 2023 година). Претходните две сезони Арсенал беше во тесна борба со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, но не успеа да ја освои.