Невидена трагедија во Газа: Убиен фудбалер со сопругата и четирите деца
Меѓу жртвите е и фудбалерот Хамди Лубад кој загинал заедно со неговата сопруга и четирите деца во нападот на зградата во која живеат. Бомбардирањето се случило во рани утрински часови, а жртвите биле фатени на спиење.
Лубад бил член на Фудбалскиот клуб Ал Јармук, а тој е вкупно 303. фудбалер што загинал од почетокот на војната на Блискиот исток.