Гарначо си направи проблем - „лајкна“ пост на Инстаграм во кој Роналдо го критикува Тен Хаг (ФОТО)
Постот е цитат од изјава на Кристијано Роналдо кој го критикува менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг за неговиот, како што вели, лузерски менталитет. Познато е дека португалскиот ас е идол на Гарначо и постојано ги следи неговите објави, но дури и навивачите овојпат го искритикуваа за неговиот потег.
Подоцна Гарначо го тргна „лајкот“, но интернет ништо не заборава, па ни претходната постапка. Засега нема реакција од Ерик Тен Хаг.