Миовски по голот против Ерменија објави радосна вест - запливал во брачните води! (ФОТО)
Миовски е некој кој не сака јавно да зборува за својот приватен живот, па така и за овој убав момент не се познати премногу детали, освен фотографиите кои напаѓачот ги објави денеска на својот Инстаграм профил.
Инаку, Сара е девојка која пред врската со Миовски долги години живееше во Германија во Лајпциг со своите родители. Нивната врска Миовски ја потврди на почетокот на оваа година исто така со заедничка фотографија на социјалните мрежи.
На објавата Миовски доби многу честитки, како од пријателите, така и од сегашните соиграчи од репрезентацијата на Македонија.