Брера го назначи Горазд Михаилов за нов тренер
На позицијата шеф на стручниот штаб во овој клуб, 50-годишниот стручњак ќе го замени Бојан Круљ со кого Брера вчера ја прекина соработката. Помошници на Михаилов ќе бидат Тане Темелков и Тони Атанасов, а со голманите ќе работи Ѓорѓе Шопов.
По четири одиграни кола, Брера се наоѓа на последната позиција на табелата со само три бода, колку што има и 11-пласираниот Вардар. Во својата 15-годишна тренерска кариера, Михаилов работеше во уште неколку македонски клубови: Охрид, Пелистер, Тетекс, Напредок, Борец и Силекс, а извесен период помина и на Исланд, во БиХ и Обединетите Арапски Емирати.