Христијан Георгиевски во тимот на колото во словенечкото првенство
Повремениот младински репрезентативец е избран во идеалната постава на шестото коло од словенечкото првенство, првпат откако пред нешто повеќе од еден месец го засили тимот од Лендава. Нафта славеше со 5-2 против Домжале, а еден од двата гола Георгиевски постигна од речиси половина терен.
Од неговиот тим во идеалната постава е избран и Салај кој беше стрелец на еден гол.