До пред девет години Барса и Милан беа доминанти во Суперкупот, Реал денеска може да ги престигне
Апсолутен фаворит за трофејот е Реал кој претстојната сезона ќе атакува на сите трофеи со оглед на тоа што, на хартија, има најсилен тим во Европа. Евентуален триумф денеска ќе значи четврти пехар за мадридскиот гигант во 2024 година, но и два рекордна - еден на клубот, еден на тренерот Карло Анчелоти.
Во моментов, најтрофејни во Суперкупот, со по пет титули се Барселона, Реал и Милан и ако „кралевите“ триумфираат, за нив тоа ќе биде рекорден шест пехар во ова натпреварување. Интересно е тоа што пред само девет години, во 2015, ситуацијата беше драстично поинаква. Реал тогаш имаше само два трофеја во Суперкупот, а Барса и Милан по пет. Оттогаш Барса ниеднаш не доби шанса да игра за пехарот, а Милан последен пат во Суперкупот учествуваше во 2007 година.
Рекордер може да стане и Анчелоти кој до моментов е со четири трофеи во Суперкупот, колку што има и Пеп Гвардиола. Два од нив освои со Милан, во 2003 и 2007 година и два со Реал, во 2014 и 2022.