Аргентинскиот талент на Интер испратен на нова позајмица
Фудбалерот од средниот ред кој има 19 години минатата сезона ја помина на позајмица во Монца, а во сезоната која следи ќе биде дел од Монца. Во дресот на Монца изминатата сезона одигра 32 натпревари, постигна два гола и подели три асистенции.
Неодамна Карбони потпиша нов договор со Интер со што „нероаѕурите“ покажаа дека ќе сметаат на него и во иднина. Кариерата Аргентинецот ја започна во Ланус од неговата татковина, а во младинските категории играше уште и за Катанија.
Во договорот со Марсеј има и откупна клазула од 35 милиони евра, но и Интер го задржа правото да го откупи назад во иднина.