Турски „професионален убиец“ освои сребро на ЛОИ во Париз!

Турскиот натпреварувач во стрелање Јусуф Дикец го доби прекрарот Џејмс Бонд поради својот настап на Олимписките игри во Париз.

Во двојка со Севал Илајда Тархан, тој освои сребро во пукање од 10 метри, но го привлече вниманието со својот неконвенционален став. За разлика од останатите натпреварувачи, тој не користи слушалки за суспензија на звукот, ниту специјални леќи, а капак на се, пука додека другата рака му е в џеб.

 

 

„Дали Турција прати платен убиец на Олимписките игри?“, се шегуваа љубителите на спортот на социјалните мрежи.

Интересно е тоа што ова се петти Олимписки игри за Дикец во неговата кариера, а со неговата партнерка Тархан, за малку им избега златото бидејќи имаа предност, а на крајот загубија од Србите, Арауновиќ и Микец и мораа да се задоволат со сребрениот медал.