Навивач од Косово жестоко го нападна Ѓоковиќ, ама Кирјос го – спушти на земја (ФОТО)
Србинот вчера го совлада Рафаел Надал (6-1, 6-4), по што косовски вљубеник во тенисот на Твитер изрече навреди на негова сметка.
„Има ли барем еден несрпски љубител на тенис на кој му се допаѓа овој лик (Новак Ѓоковиќ). Неговото однесување на теренот е гнасно и навистина не ми е јасно како некој може да навива за него“, напиша извесен Фред Мејер до чие име стои знаме на Косово.
Неговото „прашање“ веднаш доби одговор од Кирјос.
„Еве, јас го поддржувам“, напиша австралискиот тенисер.
Ѓоковиќ го очекува меч во третото коло на Олимписките игри против Доминик Кепфер, а се уште не е познато кога овој дуел ќе се одигра.