Вардар го врати младиот Сековски од Македонија Ѓорче Петров
Вардар потврди дека потпишува со Дарко Сековски кој настапува на позицијата офанзивен фудбалер од средниот ред.
Во минатата сезона тој настапуваше за Македонија Ѓорче Петров за која одигра 23 натпревари во ПМФЛ и два меча во квалификациите за Конференциската лига.