Аргентина се жали до ФИФА поради скандалот на Олимписките игри
Мечот беше прекинат во 16. минута од судиското надополнување по гол на Аргентина за 2-2, по што прекинот траеше два часа, а ВАР-технологијата го поништи погодокот на „гаучосите“.
Аргентинците се вратија на теренот да го доиграат дуелот против Мароко, но загубија со 1-2, а тоа посебно го изнервира легендарниот Хавиер Маскерано.
„Поголем циркус немам видено во животот“, кажа Маскерано.