ПСЖ со двојно поголема плата ѝ го краде Вилијамс на Барселона
Вчера медиумите во Каталонија објавија дека Барса ги договорила личните услови со 22-годишниот крилен играч, но понудата на „светците“ е двојно повисока кога станува збор за платата на фудбалерот. Тоа може да го однесе Вилијамс во Париз, место во Каталонија ако тој ја прифати понудата од францускиот првак.
Јасно е дека Барселона ја нема финансиската моќ на ПСЖ, особено откако четата на Луис Енрике остана без Килијан Мбапе на кого одеа околу 200 милиони евра годишно.