Надал го откажа тренингот - ќе се повлече ли од ЛОИ во Париз!?
Германските медиуми пишуваат дека Надал го откажал тренингот со Александер Зверев, а причина за тоа била болка во тетива, па се шпекулира дека Шпанецот ќе го откаже настапот на Олимписките игри.
Надал имал проблеми и во средата, а очигледно ситуацијата се влошила во меѓувреме и наскоро се очекува конечна одлука на Шпанецот за настапот.
Шпанецот во првото коло од олимпискиот турнир треба да се соочи против Мартон Фучович, а во второто коло беше можна пресметка со Новак Ѓоковиќ.