Бразил ја декласира Шпанија на стартот на ЛОИ 2024
Бразил од почетокот на средбата водеше и на полувреме замина со предност од 15-10, по што Шпанија не успеа да ја врати неизвесноста во вториот дел.
Најефикасна кај Бразил беше Матиели со шест погодоци, додека Лопез постигна пет голови за Шпанија.
Холандија претходно славеше против Ангола со 34-31, додека Словенија загуби од Данска со 19-27.