Алкараз: Фереро е строг тренер, без него немаше да успеам!
Фереро му помогна на Алкараз да освојат четири гренслем-титули, а Алкараз во разговор за медиумите кажа дека е тешко да се работи под водство на поранешниот тенисер.
„Хуан е цврст човек. Многу сериозна личност кога е неопходно. Знае многу добро да направи разлика, затоа денес сум тука каде што сум. Затоа пораснав толку брзо, доколку не беше толку строг, немаше да успеам без него“, кажа Алкараз.
Алкараз неодамна го освои Вимблдон откако во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови.