Јапонското засилување на Мајнц по само еден месец заврши во затвор за – силување!

Едно од последните летни засилување на германскиот бундеслигаш Мајнц, Јапонецот Каишу Сано, неочекувано е еден од тројцата уапсени по пријава за силување, соопшто јапонската полиција.

Тој заедно со „колегите“ е осомничен за сексуален напад на 30-годишна жена во хотел во градот Јушима, по што сите завршиле во затвор.

„Клубот е изненаден од извештаите во јапонските медиуми за приведувањето на Сано. Засега не можеме да ги коментираме овие извештаи поради недостигот од информации. Се обидуваме да ја расчистиме работата што е можно побрзо и што поадекватно“, изјавија од Мајнц.

Сано е 23-годишен фудбалер од средниот ред, кој во бундеслигашот стигна од тимот на Кашима за кој одигра 47 меча. Тој е репрезентативен на Јапонија, за која има одиграно четири натпревари.