Помошник на Нагелсман ги нападнал судиите по поразот на Германија

Германија вчера се збогува со Европското првенство (ЕП) откако загуби со 1-2 од Шпанија, а еден од помошниците на селекторот Јулијан Нагелсман направил хаос по последниот судиски свиреж.

„Билд“ пишува дека Сандро Вагнер не можел да го прифати поразот и вербално ги нападнал судиите по натпреварот во просторот под трибините.

Вагнер го навредувал судијата Ентони Тејлор, но и неговите помошници на пат кон соблекувалната.